Добредојдовте!
Не сте најавени.
Најава или Регистрирај се!
 

РИПЗ во Македонија

Вовед

Република Македонија го потпиша Протоколот за регистри за испуштање и пренесување на загадувачки материи - РИПЗ кон Архуската Конвенција за пристап до информации, учество на јавноста во донесувањето на одлуки и пристапот до правда во случаите поврзани со животната средина - АК, на вонредната седница на земјите - потписнички (вклучувајќи ја Европската Унија) на АК во рамките на петтата Пан-европска министерска конференција "Животна средина за Европа", која се одржа на 21 мај 2003 година, и истиот е ратификуван во 2010 година.

Република Македонија како земја-потписничка, е должна да воспостави и да одржува јавно достапна база на податоци во форма на национален регистaр на испуштање и пренесување на загадувачки материи. За таа цел, Република Македонија односно Министерствотo за животна средина и просторно планирање, како орган на државата надлежен за вршење на работите од областа на животната средина, започна со извршување на соодветните активности со цел исполнување на обврските кои произлегуваат од потпишувањето на Протоколот. Како една од тие активности беше подготовката на Правилникот за формата, содржината, методологијата и начинот на водење на Регистарот на испуштање и пренесување на загадувачи (Сл. Весник на РМ” бр.2/11 од 03.03.2011 год.), во кој се пропишани сите обврски кои произлегуваат од ЕУ Регулативата (EC) No 166/2006 и Протоколот.

Покрај гореспоменатата легислатива, имплемтацијата на Протоколот е тесно поврзана со спроведување на обврските кои произлегуваат од Директивата 96/61/ЕC која е транспонирана во нациналната легислатива преку воведување на системот за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето - ИСКЗ, која е достапна на следниов линк: Легислатива

Друг чекор во насока на исполнување на обврските од Протоколот беше воспоставување електронска програмска апликација (опрема) која овозможува мрежен внес, обработка и приказ на податоците во регистарот во агрегирана и неагрегирана форма и овозможува нивно пребарување и достапност на јавноста до истите преку веб порталот за РИПЗ.

Содржина на регистарот

Регистарот содржи податоци за:

• постројката и нејзината географска местоположба, вклучувајќи го и речниот басен;
• сопственик или оператор на постројката задолжен за доставување на податоците;
• активност;
• испуштањето на загадувачи во медиумите на животната средина (воздух, вода и почва);
• пренесувања на отпад надвор од локацијата и нивно одредиште, како што е соодветно;
• пренесувања на загадувачи во отпадна вода надвор од локацијата;

Активности

Регистарот ги опфаќа следниве дејности на инсталациите кои се извор на емисија и загадуваат еден или повеќе медиуми и области на животна средина:

• Енергетски сектор
• Производство и преработка на метали
• Рударска индустрија
• Хемиска индустрија
• Управување со отпад и отпадни води
• Производство и преработка на хартија и дрво
• Интензивно производство на добиток и риби и школкари
• Животински и градинарски производи од секторот за храна и пијалаци
• Други активности

Извори на загадување

Точкаст извор на загадување е стационирана локација или неподвижна постројка од која што се испуштаат загадувачките материи и супстанции, односно поединечен определив извор како што се цевка, канал, рудник, оџак и слично.

Дифузни извори на загадување претставуваат повеќе помали или расеани извори од коишто загадувачките супстанции можат да се испуштаат во воздух, вода или почва и чиешто комбинирано влијание на тие медиуми на животната средина може да биде значително.

Листа на загадувачки супстанции

Листата ги содржи називите и вкупниот број на загадувачки супстанци за кои операторите се должни да известуваат (Прилог 2 од Правилник за формата, содржината, методологијата и начинот на водење на Регистарот на испуштање и пренесување на загадувачи „Службен Весник на РМ” бр.2/11) Правилник за РИПЗ. Подетални информации за загадувачките супстанци може да се најдат и на следниов линк Загадувачки супстанции