Регистарот на испуштање и пренос на загадувачки материи е сеопфатна база на податоци на националните информации за емисиите на загадувачи. ПРТР претставува годишно ажурирани информации за емисиите на 91-на загадувачка материја во медиумитеи областите на животната средина (воздух, вода и почва) како и трансфер на истите надвор од локацијата. Таа исто така вклучува информации и податоци за спречување и контрола на загадувањето на животната средина.
Веб страната е изработена во соработка со Министерството за животната и просторно планирање (МЖСПП), Регионалниот центар за животна средина (REC), Федералното министерство за животна средина, заштита на природата и нуклеарна безбедност на Република Германија, како и од страна на Федералната агенција за животна средина на Република Германија, со средства од Програмата за советодавна помош во земјите од Централна и Источна Европа, Кавказ и Централна Азија.